Старлетата Ким Кардашијан (44) е подготвена за иднината, а тоа го покажа објавувајќи видео со нејзиниот нов пријател – робот.
Ријалити ѕвездата на своите профили на социјалните мрежи сподели видеа од интеракција со новиот робот на Тесла и со возењето во новиот Тесла сајбертрак.
Роботот, познат како Оптимус, се очекува да биде достапен во 2026 година и ќе чини помеѓу 20.000 и 30.000 долари.
„Запознајте го мојот нов пријател“, напиша Ким на социјалната мрежа Иксзаедно со видеото од нејзината интеракција со роботот.
Подоцна, таа сподели видео од златната верзија на роботот, кој седел во возилото.
„Оптимус е тука да ме однесе на возење со сајбертракот“, напишала Ким.
Таа на својата приказна на Инстаграм сподели како роботот Оптимус прецизно ги извршува задачите, вклучително и праќање бакнеж, а победи и во играта „карпа, хартија, ножици“.
„Ти си толку сладок!“, извикала таа, додека роботот на Тесла ѝ пратил со бакнеж. Роботот исто така може да се види како имитира трчање, мавтање и играње.
Во видео споделено на мрежата Икс, Кардашијан го праша роботот Тесла: „Можеш ли да го направиш ова? Те сакам?“, па направила со рацете половина срце. Кога роботот ја додал другата половина, формирајќи срце, таа рекла: „Знаеш како се прави тоа?
Најновиот хуманоиден робот кој го привлече вниманието низ целиот свет.
Во серијата видеа, ријалити ѕвездата го претстави својот „нов пријател“, демонстрирајќи ги неговите импресивни способности.