More

    Со новиот експеримент за подмладување се довел до страшни последици

    spot_img

    Брајан Џонсон, технолошки визионер, е во центарот на дебатата за границите на потрагата по долговечност. Неговиот последен експеримент за подмладување на лицето заврши неуспешно, што доведе до бројни прашања за безбедноста и етиката на неговите методи.

    Компјутерскиот инженер Брајан Џонсон (47), кој вели дека годишно троши околу два милиони долари за да ја поврати младоликата форма на телото и има за цел да го продолжи човечкиот животен век до 150 години, направи нов експеримент со драматичен пресврт.

    Со објава на својот инстаграм-профил, тој ги покажа резултатите од последната козметичка процедура наречена „Проект бебешко лице“. Неговото лице било целосно отечено и воспалено, како резултат на инјектирање масти од донор во неговото лице. Ова било обид да го врати младешкиот изглед, којшто го изгубил поради ригорозниот здравствен режим.

    Претприемачот кој се препуштил на инјектирање маснотии од донор наишол на брутални последици. И покрај поволните резултати од биомаркерите, неговиот физички изглед не го одразувал неговото внатрешно здравје. Зошто Џонсон бил принуден да користи сало на странец? Затоа што диетата што ја следи е толку рестриктивна што нема многу од сопствените масти во телото. „Салото“ од донорот предизвикало тешка алергиска реакција.

     

    „Навистина се истенчив и изгубив многу масти, особено во лицето… Изгледав слабо. Луѓето си помислија дека сум на работ на смртта“, изјави Џонсон.

    Поради неговата строга диета, која не преминува 1.950 калории дневно, тој почнал да има пропаднат изглед и покрај тоа што имал подобрени биомаркери.

    Триесетина минути по инјектирањето на мастите, Џонсон доживеал тешка алергиска реакција.

    „Веднаш по инјекциите, моето лице почна да отекува. И потоа нештата почнуваа да се влошуваат, до степен што не можев да гледам. Тоа беше тешка алергиска реакција“.

    Неговото лице се вратило во нормала по седум дена, а неговиот тим веќе го планира следниот чекор во „Проектот бебешко лице“.

    Да потсетиме, Џонсон вработил тим од 30 лекари и професионалци за да ја нагледуваат секоја негова телесна функција. Тој има цел да има „мозок, срце, бели дробови, црн дроб, бубрези, тетиви, заби, кожа, коса, мочен меур и полов орган на 18-годишник“.

    Џонсон е познат и по други контроверзни практики во рамките на неговиот проект, вклучувајќи трансфузија на крв од млад донор, неговиот син и строга диета и суплементација. Овие методи, иако се од интерес, не се секогаш поддржани од научни истражувања и не се одобрени од соодветните регулаторни агенции. Милионерот троши околу два милиони долари годишно на своето здравје.

    претходниот член,
    Следната статија
    Американскиот претседател Џо Бајден одобри испорака на противпешадиски мини за Украина, потег што може да помогне да се забави рускиот напредок на нејзиниот исток, особено кога се користи заедно со друга муниција од САД. – Соединетите Американски Држави очекуваат Украина да користи мини на своја територија, иако вети дека нема да ги користи во областите населени со свои цивили – изјави американски официјален претставник. Можеби ќе ве интересира САД ПРИВРЕМЕНО ЈА ЗАТВОРИЈА АМБАСАДАТА ВО КИЕВ Се очекува… Плусинфо 20/11/2024 РУСИЈА МОРА ДА ПРЕЗЕМЕ ЧЕКОРИ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ Ердоган го… Плусинфо 19/11/2024 САД ја снабдуваа Украина со противтенковски мини во текот на војната со Русија, но додавањето на противпешадиски мини има за цел да го забави напредувањето на руските копнени трупи, додаде официјалниот претставник. Американските мини се разликуваат од руските бидејќи се „непостојани“ и стануваат инертни по однапред одреден период. За детонација им е потребна батерија и нема да експлодираат откако таа ќе се испразни. Украина вчера употреби американски ракети ATACMS за напад на руска територија, искористувајќи ја новата дозвола од администрацијата на Бајден на 1.000-тиот ден од војната. Москва соопшти дека употребата на ATACMS, ракетата со најдолг дострел што Вашингтон досега и ја испорача на Украина, е јасен сигнал дека Западот сака да го ескалира конфликтот
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img