Музичарот Владимир Блажев познат како Панчо од дуото „ДНК“ ја одби номинацијата за избор на „Маж на годината“.
Како што изјави музичарот, тој не ни знаел дека воопштo е номиниран, но сепак, се откажува од номинацијата поради три причини.
– Од една моја блиска и почитувана пријателка само што дознав дека сум номиниран за „Маж на годината“ во „Северна” Македонија. Прво и најважно, сакам јавно да истакнам дека јас не живеам во Северна Македонија, туку само во Македонија. Со самото тоа би сакал своеволно да си ја откажам номинацијата и учеството! Втората причина е тоа што мислам дека не сум заслужил да се најдам помеѓу сите овие номинирани величини. И последната, третата, е тоа што сте ми ја утнале категоријата бидејќи сум „висок“, односно низок – само 168 см, па треба да спаѓам во категоријата „мажиња“ – истакна Панчо.