Норвешкиот масовен убиец Андерс Брејвик не треба да биде пушен на слобода бидејќи и понатаму претставува сериозна закана, рече обвинителката Хулда Карлсдотир.
Осудениот убиец Брејвик повторно побара условна слобода, откако помина повеќе од 13 години во затвор.
„Дали постои опасност Брејвик повторно да изврши злосторства? Опасноста е реална. Најновата проценка на ризикот покажа дека можноста за повторно насилство на Брејвик е иста како и пред 13 години“, рече таа.
Брејвик, кој уби 77 луѓе во 2011 година, од кои 8во бомбашки напад во Осло, а потоа уште 69, главно тинејџери, во младински камп на островот Утоја, по втор пат бара условна слобода.
Тој во моментов издржува казна од 21 година затвор, максимална казна за неговите постапки во времето кога ги извршил злосторствата. Казната може да биде продолжена сè додека судот смета дека тој продолжува да претставува закана за општеството.