More

    Со апликацијата „Реагирај“ граѓаните бараат решенија од институциите

    spot_img

    Со испраќање на мејл преку платформата „Реагирај“ граѓаните може да реагираат кај соодветните институции во врска со некој горлив проблем.

    Алатката ја создаде Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од каде велат дека таа е иновативна, дигитална алатка наменета за граѓаните кои сакаат да придонесат кон транспарентност и отчетност на јавните институции. Таа е насочена кон поддршка на активното граѓанско учество, така што овозможува лесно и брзо реагирање при непостапување на институциите или во случаите што го загрозуваат интегритетот на институциите.

    – Целта на „Реагирај“ е да овозможи побрза и поефикасна комуникација помеѓу граѓаните и институциите. Со едноставен клик на копчето „реагирај“, се генерира мејл кој потоа корисникот може да го испрати до институциите кои се одговорни за решавање на проблемот. Вака граѓаните директно се вклучуваат во активната борба со корупцијата и добиваат можност да делуваат и да реагираат кон носителите на одлуки – вели Миша Поповиќ, раководител на Центарот за добро управување во „Социетас Цивилис“.

    На платформата, граѓаните може да ги најдат сите иницијативи што се креирани и упатени до различни институции. Овие акции покриваат различни области, како образование, здравство, јавни услуги. Секоја акција има различно време на траење и цел, овозможувајќи им на граѓаните да се вклучат во иницијативите што најмногу ги засегаат.

    Во моментов е активна реакцијата за алармантната состојба со јавниот превоз во Скопје со која граѓаните бараат унапредување на квалитетот и инвестиции во развој на современ, финансиски достапен и одржлив систем за јавен превоз.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img