Пазарот на луксузни стоки ќе забави годинава, прв пат по Големата рецесија во 2009 година. Сега 50 милиони потрошувачи на луксуз се откажаа од купување дизајнерски чанти, шалови, часовници и друго поради високите цени и падот на куповната моќ, предупредува Bain & Company во новиот годишен извештај за луксуз.
– Само една третина од луксузните брендови ќе ја завршат годината со позитивен раст- тврди Бејн, во споредба со две третини минатата година.
Компанијата смета дека во наредниот период брендовите треба да ја преиспитаат својата понуда за вредност – главно за генерацијата Z – за да преживеат и да продолжат да ги исполнуваат нивните растечки очекувања.
Според Мари Дрискол, аналитичар на капитал фокусиран на луксузната малопродажба, клучно е реизнвестирањето.
– Вратете се на книгите, направете ги производите поинспиративни, направете го шопинг искуството убаво. Морате постојано да го запознавате потрошувачот од нов агол и да го изненадувате и воодушевувате. И неверојатниот сладолед е досаден по петти пат- вели таа.
Според неа, на одредено ниво, брендовите ги прекршија своите ветувања за потрошувачите.
-Од 2019 година, има висок пораст на цените на луксузот без соодветно зголемување на иновациите, услугата, квалитетот или привлечноста што треба да ги обезбеди луксузниот бренд – додава Дрискол.
Луксузните брендови, вклучувајќи ги LVMH (кој ги поседува Диор и Луј Витон), Бурбери и Керинг (кој ги поседува YSL и Гучи) ги пропуштија целите за приходи оваа година.