More

    Ким Јонг Ун ја повика војската да се подготви за војна

    spot_img

    Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ги повика вооружените сили на неговата земја да го завршат процесот на воени подготовки, објави државната новинска агенција КЦНА.

    Во говорот одржан пред командантите на баталјоните во Пјонгјанг, Ким го опиша Корејскиот полуостров како „најголемото жариште на светот“ и го обвини Вашингтон и Сеул за заострување на регионалните тензии, оценувајќи дека ситуацијата е доведена „до најлошата фаза во историјата“.

    Во меѓувреме, Фајненшл тајмс во саботата пренесе дека Северна Кореја ја поддржува Русија во нејзината војна против Украина, обезбедувајќи воена поддршка, која освен војници и муниција, вклучува и тешка артилерија.

    Според извештаите на британскиот весник, Северна Кореја во последните недели испратила околу 50 самоодни хаубици М1989 Koksan и речиси 20 повеќекратни ракетни фрлачи во Русија.

    Покрај ова, американскиот Стејт департмент тврдеше дека илјадници севернокорејски војници активно се борат на страната на руските сили во пограничниот регион со Украина, во близина на Курск. Овие тврдења беа поддржани и од извештаи на јужнокорејското разузнавање, кое сугерира дека Северна Кореја испратила над 10.000 војници и артилериска муниција за поддршка на руските операции.

    Северна Кореја и Русија неодамна потпишаа договор кој вклучува меѓусебен одбранбен пакт, со што дополнително се зацврсти воената соработка меѓу двете земји, јавува агенцијата ДПА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img