Американскиот претседател Џо Бајден им го даде на Украинците она што тие очајно го бараа со месеци, способност да напаѓаат цели длабоко во Русија со западни ракети со долг дострел.
Веднаш по САД, и Велика Британија и Франција донесоа одлука да им дозволат на Украинците да напаѓаат цели длабоко во Русија со проектили SCALP и Storm Shadow. Ова за Ројтерс го потврдија три извори запознаени со одлуката. Ова е значајна промена во политиката на САД во украинско-рускиот конфликт.
Рускиот претседател Владимир Путин сè уште не реагирал на дозволата на САД за употреба на западни ракети со долг дострел длабоко во Русија, но за тоа зборувал и претходно.
Путин уште во септември го предупреди Западот да не дозволи Украина да користи западни ракети за да ја нападне руската територија. Тој изјави дека Москва ќе го смета за „директно учество“ на земјите од НАТО во украинската војна, велејќи дека тоа „значително ќе ја промени самата суштина, природата на конфликтот“. „Ова ќе значи дека земјите од НАТО, САД и европските земји се борат со Русија“, рече Путин.