More

    Три лица загинаа во пад на авион во Словенија

    spot_img

    Мал авион со тројца патници се урнал денеска во близина на фудбалскиот терен во населбата Ганчани во Белтинци, источна Словенија, соопшти полициската управа Мурска Собота.

    Според првичните информации, нема преживеани во несреќата, пренесува СТА.

    Несреќата се случила околу 12 часот. Медиумите јавуваат дека авионот што урнал е „цесна“ на аеро-клубот Марибор. Во авионот требало да има четири лица, но едно од нив не се качило. Неофицијално летот бил наменет како роденденски подарок за еден од луѓето во авионот.

     

     

    Авионот требало да лета на релација од Марибор до Лендава (Прекмурје), а како веројатна причина за падот се споменува густата магла во тој дел на Словенија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img