More

    Македонија со триумф го прослави пласманот во Б-сегментот

    spot_img

    Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје ја совлада селекцијата на Фарски Острови со 1:0. Натпреварот го одлучи Бојан Миовски кој ја затресе противничката мрежа во 62. минута.

    – Задоволен сум од епилогот на натпреварот и во групата. Целта ни беше првото место и ја остваривме. Тие одиграа одличен натпревар, беше тешко да ги пробиеме. Останавме смирени и трпеливи и дојде таа шанса што ја искористив и донесов победа за Македонија. Чест е да се игра за репрезентацијата. Атмосферата во националниот тим е одлична и очекувам уште поголеми успеси во иднина – изјави Миовски, по натпреварот.

    За избраниците на селекторот Благоја Милевски ова е петта победа по ред, сите пет без примен гол.

    Селекторот Благоја Милевски е задоволен од настапите во групата од Лигата на нации, но смета дека има простор за напредок.

    – Знаевме дека не очекува уште потежок натпревар од оној со Летонија пред неколку дена. Сите наши фудбалери заслужуваат максимална почит од сите нас. Исто така заслужуваат нормални услови за игра. Овој терен не е пружа нормални услови. Апел до надлежните да се позанимаваат со ова прашање. Што се однесува до нашата репрезентација, ние бевме во фаза на подмладување, го правевме тоа во од. Можам да кажам дека формиравме тим од комбинација на искусни и млади фудбалери со голем потенцијал. На добар пат сме, но има уште простор за напредок – изјави Милевски.

    Со трите освоени бода Македонија го освои првото место во четвртата група Ц-сегмент од Лигата на нации.

    „Црвено-жолтите“ групата ја завршија со 16 бодови и гол-разлика 10:1. Второто место и припадна на Ерменија која по денешната победа (2:1) над Летонија стигна до седум бода. Фарски Острови се трети со 6 бода, Летонија е последна со 4 бода.

    Македонија во следното издание на Лигата на нации ќе игра во Б-сегментот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img