More

    Адвокатот Туфегџиќ прашува зошто Обвинителството не ги зема предвид исказите од блиските на Александар

    spot_img

    Од исказите на сите денешни сведоци јасно произлегува дека тие имаат огромно учество и придонес кон расветлувањето на овој трагичен настан. Сведоците ја доловија општата конфузија која владеела меѓу членовите на семејството, рече денеска по судењето адвокатот Владимир Туфегџиќ, кој му е бранител на обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања Ѓорчевска.

    – Искажани беа некои работи кои досега не беа споделени. Секој од членовите на семејството и пријателите преземале дествија по некоја лична интуиција, согледување и лична перцепција, без разлика дали тоа било реално или ирационално. Слушнавме дека навистина му се обратиле на Илон Маск, американската амбасада итн. Сведоците поврдија дека вториот, третиот ден во семејството владеела општа конфузија и очај што не може да се најде девојчето. Кираца Трајковска го потврди тоа што ние го тврдиме од првиот момент и не знам зошто Јавното обвинитлество ги игнорира исказите на овие сведоци. Во Јавното обвинителство има многу подетални искази од денешените сведоци и не знам зошто Обвинителството тргна во сосема друга насока, иако ги имаа сите потребни сознанија – рече Туфегџиќ.

    На адвокатот му беше поставено новинарско прашање во врска со моментот од денешното рочиште, кога обвинетиот за убиството Љупчо Палевски рече дека за време на претресот во домот на Иванка Ѓорчевска, Гоце на полицијата ѝ рекол дека Александар е еден од основачите на партијата Десна.

    – Јас не знам, не сум слушнал такво нешто. Ова за мене е ново, а не верувам дека како адвокат сум испуштил некој детал. Прашањето беше упатено за нешто кога постапувал друг адвокат, не сум бил на лице место во тој момент за кој се говореше – одговори бранителот Туфегџиќ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img