Тулси Габард е еден од столбовите против „длабоката држава“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Тулси Габард, шефица на разузнавањето на САД која ја номинираше новоизбраниот претседател Доналд Трамп наиде на сериозни критики дека ја поддржува руската пропаганда. Необичниот избор на Трамп за оваа функција, според експерти од британското разузнавање, може да влијае на тоа какви и колку тајни информации во иднина ќе споделуваат САД, пишува „Дејли Телеграф“.

„Габард (43) ја повторуваше руската пропаганда за украинските „биолаборатории“, го поддржа алибито на Москва за војна и двапати се сретна со сирискиот диктатор Башар ал-Асад, откако ги отфрли извештаите дека ал-Асад употребувал хемиско оружје“, се вели во статијата.

За британските претставници на одбраната, изборот на Габард е алармантен потег. Тие се плашат дека може да се разниша сојузот меѓу САД и Велика Британија во споделувањето информации.

Филип Инграм, поранешен висок офицер за разузнавање и безбедност во британската армија смета дека Габард има нула искуство во работата.

„Њујорк тајмс“ пишува дека Трамп не губел време во преземањето на три владини институции, односно трите столба на „длабоката држава“, кои беа најтврдокорните пречки за неговите политички амбиции за време на неговиот прв претседателски мандат.

Со тоа, се вели, јасно ставил до знаење дека во вториот мандат нема да дозволи такво нешто.

Со своите избори да го води Министерството за правда, Пентагон и разузнавачките агенции, Трамп покажа дека ги заобиколи фигурите од естаблишментот што ги постави на тие позиции пред осум години во корист на лојалните поддржувачи со неконвенционални резимеа, чија најважна квалификација можеби е лојалноста кон него, оценува американскиот весник.

Тимот што го избра Трамп ги избегнува традиционалните безбедносни проверки и ветингот вршени од Федералното биро за истраги (ФБИ) за биографиите и минатото на некои од неговите кандидати во новата администрација, и користи приватни компании за проверка, што се коси со вообичаените норми и протоколи, јави денеска Си-Eн-Eн.

Како идна шефица на американското разузнавање Габард ќе ги надлгедува останатите 18 американски разузнавачки агенции.

- Advertisement -
Ad image

Но, некои Републиканци не се сигурни дека нејзиниот избор на функцијата ќе биде потврден во Сенатот.

Share This Article