Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ, ужива во дружењето со своите пријатели и кумови во Белград, додека нејзината мајка подготвува настап во Дубаи.
Анастасија Ражнатовиќ како популарна личност го привлекува вниманието на јавноста со својот социјален живот. Нејзиното доаѓање од Шпанија, каде што живее со сопругот, фудбалерот Немања Гудељ, во Белград и собирањето со блиски луѓе, зборува за тоа колку пејачката ги цени и почитува своите пријатели со кои одржува блиски односи.
Анастасија на Инстаграм објави фотографија на која е во друштво на својата кума, актерката Тара Милутиновиќ, водителката Дарија Милутиновиќ и венчалниот кум Љубомир Тозев.
Додека Анастасија го минува времето во Белград, нејзината мајка, Цеца е во Дубаи каде ќе одржи концерт. Цеца го спои приватното и деловното, па ужива во Дубаи покрај базен со сестра си Лидија и снаата Богдана, подготвувајќи се за претстојниот настап во луксузен хотел.