More

    Божиновска поддржа две иницијативи на КОП29

    spot_img

    Министерката за енергетика Сања Божиновска учествуваше на министерскиот состанок во рамки на климатскиот самит COP29 во Баку, Азербејџан, каде што го потврди активното учество и поддршката на земјава во две клучни иницијативи – создавање зелени енергетски коридори и зони (COP29 Green Energy Pledge: Green Energy Zones and Corridors)  и складирање на енергија и модернизација на мрежите (COP29 Global Energy Storage and Grids Pledge).

    Како што соопшти Министерството за енергетика, овие иницијативи се од витално значење за регионалната енергетска трансформација, а Македонија е посветена на нивната имплементација.

    „Во рамки на иницијативата Green Energy Pledge, земјите ќе соработуваат за создавање зелени енергетски коридори и зони. Овие коридори ќе ги интегрираат обновливите извори во националните и регионалните електромрежи, поттикнувајќи енергетска стабилност, одржлив економски раст и нови работни места, притоа намалувајќи ги емисиите на стакленички гасови. Македонија, преку Стратегијата за енергетика до 2040 година и Националниот план за енергетика и клима, веќе работи на зголемување на капацитетите за обновливи извори на енергија, како и на создавање инфраструктура за зелени зони и индустриски паркови кои користат обновлива енергија“ појаснуваат од Министерството.

    Оттаму додаваат и дека со поддршка на иницијативата Global Energy Storage and Grids Pledge, земјите се обврзуваат на инвестирање во нови капацитети за складирање на енергија и модернизација на електричната мрежа, со цел постигнување глобален капацитет од 1,500 GW за складирање на енергија до 2030 година. Ова ќе овозможи сигурно и стабилно снабдување со енергија и поефективна интеграција на обновливите извори во електромрежите.

    „Оваа поддршка на COP29 иницијативите ја покажува посветеноста на Македонија кон постигнување на заеднички цели за одржлива енергетска транзиција, придонесувајќи кон борбата против климатските промени и зајакнување на енергетската безбедност во регионот“, се наведува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img