„Да имавме број и на Бајден ќе му се јавевме. Секој на свој начин бараше. Јас имав контакти во МНР, барав и така. Стрина ѝ на Зорица била на јасновидец во Србија. Секој бараше како знаеше“.
Ова денеска го изјави Оли Нешковиќ, сестра на Александар, на судењето за случајот повзан за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски.
Ви пренесуваме како течеше комуникацијата помеѓу јавниот обвинител, судијата и првообвинетиот Љупчо Палевски со сведокот Оли Нешковиќ:
Прво прашања поставуваше обвинителката:
Како дознавте што се случи на 27.11.2023 година?
– Мајка ми ми се јави, ми кажа дека Зороца му се јавила на брат ми и дека Вања ја нема. Со Александар се слушнав помеѓу 9 и 10 часот. Им се јавив и на Александар и на Зороица, не беа заедно во моментот. Зороца ми кажа дека последно е забележана на крајот на Партизанска, околу „Фитнес хаус“. После првиот ден бевме цело време заедно во станот со Зорица и со Александар. Со александар кога се слушнав ми кажа дека прашувал по ургентни центри, на Клиника, да не се случило нешто. Сите бевме во паника, не можевме да поверуваме што се случува, сите знаевме дека Вања самоволно не си заминала.
Што мислевте, што се случило со Вања?
– Сакавме да веруваме дека сама си отишла, полицијата го наметнуваше тоа. Јас немам Фејсбук, Зорица објави на Фејсбук. Мојот син и Зорица читаа кој што напишал, бараа траги. Имаше рани траги кои излегуваа лажни. Син ми најде на интернет формулар од меричка амбасада, за помош за барање со сателитски снимки. Ако мислите на Илон Маск, да, му најдовме контакт. Да имавме број и на Бајден ќе му се јавевме. Секој на свој начин бараше. Јас имав контакти во МНР, барав и така. Стрина ѝ на Зорица била на јасновидец во Србија. Секој бараше како знаеше.
Гоце го познавате ли?
– Да, старо кумсво сме.
Кој го извести Гоце Трајковски да дојде во станот?
– Мајка му Кираца. Таа контактирала со Зорица, се знаат фамилијарно, од Зорица го зема телефонот од Сашко, оти го изгубила контактот, и така исконтактираа. Зорица помислила дека Гоце може да помогне во ситуацијата со своите познанства во градот.
Што правеше Гоце?
– Се бараа и се гледаа снимки. Се гледаше каде има менувачница, фризерница, се бараа снимки. Брзо сфативме дека нема камера што ја фатила Вања, па баравме возила на снимките, баравме камера што директно го фаќаат влезот, немаше таква. Носеа снимки на УСБ, и од спалната кај Зорица гледаа и ако имаше нешто сомнително, сите влегувавме во собата на консултација. Сите наоѓавме снимки, бевме во Хелсиншки, во една менувачница, па еден банкомат. Сопругот мој шеташе по улици, бараше каде има камери. Сѐ правевме сами, по два дена максимално ја изгубивме довербата во полицијата.
Знаете ли кој беше сопственик на станот по имотен лист?
– Знам.
Кој е сопственик?
– Зошто е тоа битно?
Одговорете на прашањето.
– Јас ги донесов сите документи и договорот. Станот е на име на брат ми – рече Нешкова на висок тон, па судијата ја предупреди.
Работеше ли александар?
– Не. Ние финансиски му помагавме, ние сме сплотено семејство. Александар не ми побарал пари, а ако побарал, ќе сум му дала. Сум помагала на мајка ми, има мала пензија, за лекар, за лекови, како секое дете што би помагало на родител.
Имал Александар проблеми со зависноти?
– Да, пред да се ожени, тоа го знаеше Зорица. Не беше некоја драстична зависност, ќе посведочат и други. Беше зависен од дрога.
– Се познававте ли со Палевски?
– Не. со никој од обвинетите. Јас за Палевски знаев само од периодот кога се градеше зградата, живеевме во близина и знаев дека фирмата „Упа“ ја гради, ама ликот на Палевски не му го знаев сѐ до случајот со Вања.
Ви кажал ли Александар за комуникација со Палевски?
– Не. Не се знаат, знам сигурно, различни кругови се.
Прашања поставуваше и обвинетиот Љупчо Палевски:
Споменавте дека сте биле во станица? Кога?
– На 4.12. претходно Зорица беше на 3, кога се дозна.
Ве прашаа ли за мене?
– Да, ме прашаа и прашаа дали Зорица е во врска со вас.
Дали ве убедуваше Гоце Трајковки да одите во полиција да кажете дека сте ја виделе Зорица во близина на Тинекс, каде јас сум имал простории, па да излезе дека јас сум причина за нивниот развод?
– Не, вие не сте причина за разводот на Александар и Зорица. Разводот беше одамна. Гоце имаше една чудна епизода, јас една вечер бев кај мајка ми, Гоце ме викна да се сретнеме пред зграда и ми рече дека бил повикан од инспекторот Музафер и дека Музафер му рекол да го слика станот на Партизански Одреди. Јас реков не можам да го направам тоа, полицијата беше веќе во станот.
Познато ли ви е дека Гоце Трајковски го има сликано брат ви Александар во станот и има праќано слики во полиција од станот на Н.Н. Борче како спие на кревет?
– Не ми е познато.
Прашања поставуваше и судијата:
Кој му се јави на гоце?
– Јас гоце го познавам од старо кумство, моето семејство се кумови на неговото семејство. Брат ми му е кум на првиот брак на Гоце. Гоце го видов во станот, не знам кој му се јавил, но подоцна дознав дека Кираца ѝ се јавила на Зорица, за да добие контакт од Сашко.
Кога го најдоа цитроенот на снимките?
– Не знам точно, два дена пред да ја слушнеме веста за Вања. Или можеби три дена.
Ве викнаа вас?
– Не гледаа снимки само од компјутер, некои камери не беа штелувани. Цитроенот го заебележаа заради сомнително движење. Пребараа на Фејсбук и Гоце најде статус дека тоа возило е исчезнато. Гоце ги поврзал работите. Влезе во дневна соба, рече, еве го цитроенот.
Објаснете како Гоце го поврза цитроенот.
– Не знам, дојде во дневна, рече сомнително е и сите се согласивме дека возилото изгледа сомнително.
Што провери Гоце?
– Виде исчезнато лице објавено на Фесбук, со регистраската табличка, претпоставувам, која беше од Велес. Гоце го поврза возилото цитроен со случајот со Вања.
Фото: Архива