More

    Понижениот боксер извика „Мајк мора да умре!“

    spot_img

    Тензиите во пресрет на борбата меѓу поранешниот светски шампион Мајк Тајсон и јутјуберот Џејк Пол достигнаа максимум за време на мерењата во Далас.

    На последното соочување пред спектаклот, 58-годишниот Мајк Тајсон му удри шлаканица на 31 година помладиот предизвикувач бидејќи му пришол во личниот простор и го стапнал.

    Обезбедувањето веднаш скокнало и ги раздвоило боксерите, а Пол го искажа својот гнев кон публиката викајќи: „Тајсон мора да умре“.

    Последната професионална борба на Мајк Тајсон беше пред 19 години, а престојната со Пол е договорена на осум рунди од по две минути. На Тајсон му е гарантирана заработка од 20 милиони долари за борбата, а на Пол од 40 милиони долари.

    Борбата во Арлингтон, предградие на Далас, е закажана за в сабота утрината, од 2 часот по полноќ според времето во Македонија. На стадионот на Далас каубојс се очекува присуство на околу 60.000 гледачи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img