More

    На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведокот Гоце Трајковски, кој требаше да даде исказ за настаните поврзани со случајот, не се појави во судницата

    spot_img

    На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, сведокот Гоце Трајковски, кој требаше да даде исказ за настаните поврзани со случајот, не се појави во судницата.

    Според зборовите на неговата мајка, Кираца Трајковска, која исто така е сведок, Гоце утрово доживеал паничен напад, што го спречило да присуствува на судењето.

    Гоце Трајковски беше еден од првите кои се вклучија во потрагата за 14-годишната Вања. Тој му помагал на нејзиниот татко Александар Ѓорчевски во обидите да ја пронајдат Вања, која беше исчезната пред да биде откриено дека е убиена.

    Во моментов сведочи Зоран Ѓорчевски, таткото на Александар Ѓорчевски, односно дедото на Вања.

    За грабнувањата и убиствата на Вања и Панче се обвинети четворица извршители – Љупчо Палевски Палчо како првообвинет, и Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, а таткото на Вања, Александар Ѓорчевски е обвинет за помагање во грабнувањето на неговата ќерка.

    Сите обвинети за овие сурови злосторства се изјаснија дека се невини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img