Моделот е едноставен, но со него се опишуваат комплексни нешта

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Стандардниот модел во квантната физика е најуспешната научна теорија на сите времиња. Тој опишува како сè во универзумот е направено од 12 честички кои се во спрега со три сили, а сите заедно ги врзува една посебна честичка наречена Хигзов бозон која им дава маса. Идејата зад овој модел е многу едноставна и може да се објасни во 15-минутно видео како следното.

Што следи по Хигзовиот бозон? Не знаеме. Можеби се честици на темната материја. Но, она што го гледаме пред нас, видливата материја, сегашниот модел може прилично добро да ја објасни. Честиците истовремено може да ги гледате и како вибрации. Ајнштајн сметал дека сите сили во Универзумот се продукт на една сила, само во различни фреквенции…

Стандарниот модел е врв на 400 години наука и го дава точниот одговор на стотици илјади експерименти. Во ова објаснување, физичарот Дејвид Тонг од Универзитетот Кембриџ го пресоздава моделот, дел по дел, за да им даде на гледачите одредена интуиција за тоа како основните градежни блокови на нашиот универзум се вклопуваат заедно.

На крајот од видеото, тој посочува и што недостасува за да имаме Теорија на сѐ.

Share This Article