Ракометната Федерација на Македонија (РФМ) по претходно донесена одлука на Управниот одбор, денеска (14.11.2024 година) ги исплати наградите на националните селекции.
Исплатени се 2.000.000 денари на машката сениорска репрезентација за пласманот на IHF Men’s World Championship 2025 кое ќе се одржи во Хрватска, Норвешка и во Данска.
Исплатени се 1.000.000 денари на младинската селекција (машка конкуренција) за освоено 9-то место на M20 EHF EURO Championship 2024, кое се одржа во Словенија.
Исплатени се 2.000.000 денари за пласман на женската сениорска репрезентација на Women’s EHF EURO 2024, кое ќе се одржи во Унгарија, Швајцарија и во Австрија.
Македонската сениорска репрезентација обезбеди пласман на IHF Men’s World Championship 2025 по одиграните бараж натпревари со селекцијата на Фарски Острови. Сениорите својот настап на светското првенство ќе го имаат во градот Вараждин, Хрватска, и ќе разигруваат во прелиминарниот дел во групата со селекциите на Унгарија, Холандија и на Гвинеја.
Машката кадетска ракометна репрезентација со прикажаните одлични настапи на M20 EHF EURO Championship 2024, веќе следната година ја очекува учество на IHF Men’s U21 Handball World Championship кое ќе се одржи во Полска во периодот од 18 до 29 јуни 2025 година.
Женската сениорска репрезентација обезбеди пласман на Women’s EHF EURO 2024 преку квалификациите, како второпласирана во групата. Европското првенство годинава во женска конкуренција за прв пат ќе биде организирано со 24 селекции, а нашите сениорки својот настап во прелиминарната група ќе го имаат со селекциите на Унгарија, Турција и на Шведска во градот Дебрецин, Унгарија.