Амбасадорот во Романија, Андреј Жерновски, демантира дека „на диво“ бил пратен да ја врши оваа дејност во Букурешт и се закани со тужби кон медиумите

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Амбасадорот во Романија, Андреј Жерновски, демантира дека „на диво“ бил пратен да ја врши оваа дејност во Букурешт и се закани со тужби кон медиумите.

„Откако од медиумите дознав дека, како амбасадор, сум се тепал по официјални приеми во Романија, за што следеше приватна тужба од моја страна, вчера на истиот начин дознав нова вест – дека сум бил амбасадор ‘на диво’.

Не знам на тие медиуми од каде им е и кој им ја кажал оваа ‘генијална’ теза, но знам дека со некои од нив ќе мора да се видиме на суд. Не дека го сакам тоа, но мора да се воспостави ред, бидејќи клеветењето и нанесувањето штета на нечиј личен углед и интегритет е крајно сериозна работа, колку и објавувачите или пренесувачите на вакви невистини да не ги поседуваат наведените особини.

Како доказ за трагикомичните лаги, денеска ја објавувам фотографијата од предавањето на моите акредитиви во романското МНР. Дополнително, онаму каде ќе биде потребно, ќе ја доставам и мојата лична карта во Романија, која се издава на дипломати, на која пишува дека сум амбасадор на Република Северна Македонија во Букурешт. Истата е издадена од Министерството за надворешни работи на Романија.

Многу ми е жал што, поради внатрешните процедури во нашето МНР, разбирливо, не смеам да давам службени изјави додека трае мојот амбасадорски мандат. Се разбира, кога истиот ќе заврши, со задоволство и со страст ќе ги отвориме сите теми. До тогаш, со оние кои шират лаги и клевети, ќе се гледаме на суд“, пишува Жерновски.

 

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, вчера, одговарајќи на новинарско прашање и алудурајќи на сериозни процедурални и администравни процедури, истакна дека Андреј Жерновски не можел да биде отповикан, бидејќи тој официјално никогаш и не станал амбасадор во Романија.

Со указ на претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера беа отповикани седум амбасадори.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article