More

    Почина легендарниот џез музичар Рој Хејнс кој беше еден од последните преостанати музичари од времето на свинг џезот и бибоп ерата

    spot_img

    Почина легендарниот џез музичар Рој Хејнс кој беше еден од последните преостанати музичари од времето на свинг џезот и бибоп ерата. Хејнс почина на 99-годишна возраст, а неговата ќерка, Лесли Хејнс-Гилмор, рече дека тој го загубил животот по кратко боледување, објави британски Гардијан.

    Енергичниот стил на Хејнс, кој исто така опфаќа фјужн и авангарден џез, му донесе почит од многу современици низ кариерата која започна во средината на 1940-те. Тој настапуваше со уметници како Чарли Паркер, Бад Пауел, Сони Ролинс, Мајлс Дејвис, Џон Колтрејн и со десетици други.

    Роден во 1925 година во Роксбери, Масачусетс, Хејнс рано развил интерес за џезот пред да почне професионално да се занимава со тапани во ноќните клубови во Бостон, како тинејџер.

    – Еден наставник во училиштето еднаш ме испрати кај директорот бидејќи на час тропав со рацете на бирото – се присетил еднаш Хејнс.

    Хејнс првин работел за лидерите на бендовите од ерата на свинг џезот, вклучувајќи ги и Саби Луис, Френки Њутн и Феликс Барбоза, а со преселбата во Њујорк во 1945 година, тој им се приклучил на големите бендови на Луис Расел и Луис Армстронг и свирел со ѕвездата саксофонист Лестер Јанг.

    До 1950-те Хејнс го развил прекарот „Снепкрекл“ (Snapcrackle) како знак на неговиот брз и разновиден стил. Тој бил на турнеја со светската придружна џез вокалка Сара Вон пет години, во средината на 1950-те, а потоа повремено го заменувал Елвин Џонс во раните 1960-ти, во квартетот на Џон Колтрејн, паралелно со неговата редовна работа со Стен Гец и со Ерик Долфи.

    Неговата разноврсност му овозможи да блесне додека бибопот еволуираше во послободен пост-боп стил и тој се појави на значајните изданија на етикетата „Blue Note“ од Ендрју Хил, Џеки Меклин и други. Тој ја продолжи својата кариера со снимање и со турнеи во 2010-те.

    Хејнс, исто така, објави квалитетни албуми како лидер на бендот, како што е „Out of the Afternoon“ од 1962 година (со Роланд Кирк), а и формираше свој бенд, „Хип ансамбл“, кон крајот на 1960-те. Прославениот тапанар го оправда тоа име на бендот, според колегата џез-уметник Пет Метини кој бил на турнеја со Хејнс кон крајот на 1980-те.

    – Рој е човечка манифестација на што и да е тоа што зборот „хип“ требаше да значи пред само да стане збор. Секогаш во моментот, секогаш во ова време, вечен и класичен, а во исто време тотално ноншалантен околу тоа – рекол Метини за Рој.

    Неговата кариера траеше и по пензионирањето на многу негови современици. Неговите албуми „Fontain of Youth“, од 2004 година, и „Whereas“, од 2007 година, му донесоа номинации за Греми, а доби и Греми за животно достигнување во 2012 година.

    Во 2008 година, тој ја претстави џез радио станицата на видео играта „Grand Theft Auto IV“. До пандемијата на Ковид-19, Хејнс го прославуваше својот роденден со годишен настап во њујоршкиот џез клуб „Блу ноут“ – неодамна на 94-годишна возраст.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img