Русија во текот на ноќта и утринава ја нападнала Украина со крстосувачки ракети од стратешки бомбардери, а нешто подоцна следувал и напад со дронови-камикаѕе, соопштија украинските власти.
Според податоците на украинските воздухопловни сили, шест авиони Ту-95МС полетале кон Украина, пренесува Укринформ.
Во Киев утринава се слушнале експлозии откако украинските воздухопловни сили ја ставиле целата земја под тревога за воздушен напад по лансирањето руски ракети.
Во првиот ракетен напад по повеќе од два месеца, Русија употребила крстосувачки ракети, лансирани од стратешки авиони, како и балистички ракети, соопшти украинската војска.
„Експлозии во градот. Силите за воздушна одбрана оперираат. Останете во засолништа“, објави на Телеграм градската управа на Киев.