Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера ги назначи Илон Маск и Вивек Рамасвами за ко-претседатели на новосоздадениот Оддел за владина ефикасност, со што му даде уште поголемо влијание на најбогатиот човек во светот.
– Тие ќе го отворат патот за мојата администрација да ја разбијат владината бирократија, да ги намалат непотребните регулативи, да го намалат расипничкото трошење и да ги преструктуираат федералните агенции – рече Трамп.
Тој додаде дека новиот оддел ќе ги исполни долгогодишните републикански соништа и „ќе обезбеди совети и насоки надвор од владата“, сигнализирајќи дека улогите на Маск и Рамасвами ќе бидат неформални, без да се бара одобрување од Сенатот и да му се дозволи на Маск да остане на чело на компанијата за електрични автомобили Тесла. платформата за социјални медиуми X и ракетната компанија SpaceX.
-Новиот оддел ќе работи со Белата куќа и Канцеларијата за менаџмент и буџет за да иницира големи структурни реформи и да создаде претприемачки пристап кон владата каков што досега не бил виден – рече Трамп.
Трамп го спореди барањето за ефикасност со проектот Менхетен.
– Потенцијално ќе стане „проект Менхетен“ на нашето време – рече Трамп осврнувајќи се на американската програма за развој на првата атомска бомба.
Тој вели дека имаат рок до Денот на независноста, 4 јули 2026 година, да ја завршат работата.
Маск веќе објави серија твитови на Х, а меѓу другото напиша дека „луѓето немаат поим колку ќе се променат“.
– Сите активности на Одделот за владина ефикасност ќе бидат објавени онлајн за максимална транспарентност – напиша Маск на X, поканувајќи ја јавноста да даде совети.
Вивек Рамсвами пак напиша „нема да бидеме нежни“.
Тој, за потсетување, беше противник на Доналд Трамп во борбата за претседателска номинација на Републиканците, но по неговиот пораз стана еден од неговите најгласни поддржувачи“.