Британската кралица Камила се појавила на церемонијата на доделувањето на наградата Букер и изјавила дека и е многу подобро откако се разболела од инфекција на дишните патишта.
Тоа е нејзин прв јавен ангажман откако се разболе по долгата турнеја низ Австралија и Самоа пред две ипол недели.
Кралицата во Гарден Рум ја поздравиле извршната директорка на фондацијата Букер наградите Габи Вуд и претседателот на жирито за 2024 година, Едмунд де Вал.
Таа се ракувала со нив и му рекла на Вуд дека „очигледно е многу подобро“.
– Сè уште ме мачи кашлицата. Навистина сакав да дојдам – додала Камила.
Потоа, кралицата 10 минути разговарала со шесте автори кои влегоа во потесниот избор и го завршила собирот кажувајќи им на гостите дека литературата „отсекогаш била нејзина страст“.
Поради болест, кралицата мораше да го пропушти собирот со кралот, принцезата од Велс и остатокот од кралското семејство за годишниот Ден на сеќавање кај споменикот на паднатите британски борци во Лондон и Фестивалот на сеќавањето во Ројал Алберт Хол претходната вечер.
Годинешниот потесен избор за Букер наградата има најголем број авторки во последните 55 години, откако се доделува, со пет жени и еден маж.
Меѓу неодамнешните добитници на наградите се Бернардине Еваристо, Маргарет Атвуд, Даглас Стјуарт, Дејмон Галгут, Шехан Карунатилака и Пол Линч.