More

    Вишиот скопски јавен обвинител Мустафа Хајрулахи е суспендиран од функцијата

    spot_img

    Вишиот скопски јавен обвинител Мустафа Хајрулахи е суспендиран од функцијата. Тој за МТВ вели дека ова е уште еден обид на државниот обвинител Љупчо Коцевски да изврши притисок врз него и врз обвинителот Јован Цветановски во врска со случајот за бонусите во СЈО. За истрагата против него бил информиран од неговиот заменик, со образложение дека е поднесена пријава за мобинг. Хајрулахи смета дека е суспендиран бидејќи јавно зборувал за протекувањето документи од републичкото обвинителство.

    – Од страна на обвинителот на Република Македонија, Љупчо Коцевски, се врши невиден притисок врз мене. Ова се случува од причина што јавниот обвинител преку неговата ќерка изнесувал од Јавното обвинителство на РМ, а сѐ со цел да се оцрни мојата работа и работата на Вишото јавно обвинителство Скопје – вели Хајрулахи за МТВ.

    Од Кабинетот на Коцевски потврдуваат дека е отворена истрага против Хајрулахи за злоупотреба на службена положба и за малтретирање во вршење на службата.

    Кривичната пријава против јавниот обвинител за малтретирање во вршење на службата беше поднесена до Јавното обвинителство на Република Македонија од страна на група вработени во Вишото јавно обвинителство Скопје, по што таа беше проследена на надлежно постапување на Основното јавно обвинителство Штип. Во текот на истражните дејствија преземени од штипското обвинителство се добиени податоци и сознанија кои упатуваат на сомнение и за дејствија на злоупотреба на службената положба и овластување, рекоа вчера од Обвинителството.

    Хајрулахи најави жалба до Советот на јавните обвинители.

    Минатиот месец Хајрулахи до граѓанскиот суд поднесе тужба за клевета против неколкумина вработени во обвинителството за кои вели дека по инструкција на друг обвинител давале лажни изјави дека им се врши мобинг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img