Количините на руски гас што денеска преку Украина одат во Европа ќе бидат речиси една третина помалку од претходниот ден, објави рускиот гигант Гаспром, бидејќи снабдувањето втор ден по ред е погодено од војната во Украина.
Низ Судската станица денеска треба да протечат околу 50,6 милиони кубни метри гас, во однос на 72 милиони кубни метри што поминаа претходниот ден, според Газпром, пренесоа руските агенции.
Украина два дена по ред објавува дека повеќе не може да транспортира гас преку инсталацијата на станицата кај Сохранивка во областа Луганск поради присуството на руските сили, со што се намалуваат испораките. Москва тврди дека не може да го зголеми обемот преку друг гасовод.