Турците се најбројни туристи во земјава

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Во септември годинава во земјава се евидентирани 134.829 туристи кои направила 262.632 ноќевања, соопшти Државниот завод за статистика.

Во септември 75,4% од туристите биле странци, а остатокот домашни туристи. Учеството на странските туристи во ноќевањата е 68,1%.

Податоците покажуваат дека во периодот јануари – септември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,3 %, а бројот на ноќевања за 5 отсто.

Турците и во септември се најбројни туристи (34.844). По нив се Србите (8.155) и Германците (5. 607). На четврто место се Полјаците (4.717), а на петто Холанѓаните (3.594).

Share This Article