More

    Робот-куче неодамна беше фотографирано во одморалиштето во Палм Бич, Флорида на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп

    spot_img

    Робот-куче неодамна беше фотографирано во одморалиштето во Палм Бич, Флорида на новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

    Потврдено е дека овие роботи на далечинско управување се средства на Тајната служба на САД. Тие беа распоредени на имотот на Трамп по неговата победа на претседателските избори на 5 ноември. На оваа мерка во голема мера влијаеја два обиди за атентат врз Трамп.

    Кучето-робот, создадено од Бостон Дајнамикс, служи за набљудување, а е опремено со напредни сензори и друга технологија.

     

    „Њујорк пост“ објави дека Тајната служба одбила да открие конкретни детали. Според медиумот, кучето-робот е дизајнирано да помага во заштитни операции преку својата технологија за надгледување.

    Шефот за комуникации на американската тајна служба Ентони Гуглиелми вели дека заштитата на новоизбраниот претседател е главен приоритет.

    „Иако не можеме да навлеземе во нивните специфични способности, кучињата роботи се опремени со технологија за надзор и низа напредни сензори за поддршка на нашите заштитни операции“, вели тој.

    Роботот има ознака на него – „не милувај“.

    Роботските кучиња се здобиваат со популарност меѓу агенциите за јавна безбедност низ САД. Со нив органите за спроведување на законот и одговорните за итни случаи се чуваат од опасност во тешки ситуации.

    Полициската управа на Њујорк неодамна ја претстави роботската единица К-9 наречена „Дигидог“, која минатата година ја најави градоначалникот Ерик Адамс.

    Првично изнајмени од Бостон Дајнамикс, роботите наидоа на критика од јавноста. Корисниците на социјалните мрежи правеа споредби со дистописката серија Black mirror.

    Освен за спроведување на законот, овие роботи се користат и за спасување на животи. По уривањето на  една гаража во Менхетен лани, едно такво роботско куче беше испратено во урнатините да бара преживеани и да го процени уништувањето.

    Војската, исто така, им најде употреба на овие напредни машини. Претходно оваа година, украинската војска распореди 30 роботски кучиња, од кои секое чини околу 9.000 долари, против руските сили. Металните кучиња служеа како извиднички единици кои можеа брзо да доставуваат залихи, намалувајќи го ризикот за човечките единици на првите борбени линии.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img