Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на јужниот брег на островот Куба, недалеку од големиот град Сантијаго де Куба

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени според Рихтеровата скала вечерва е регистриран во близина на јужниот брег на островот Куба, недалеку од големиот град Сантијаго де Куба, соопшти Американскиот институт за Геофизика (УСГС).

Епицентарот на земјотресот бил на 14,2 километри под океанот, на околу 35 километри од брегот на Бартоломе Масо и 175 километри од Сантијаго де Куба.

Националниот центар за сеизмолошки истражувања на Куба и локалните власти го потврдија земјотресот, но со јачина од 5,4 степени и додаде дека следеле помали потреси.

Засега нема извештаи за евентуални жртви и материјална штета.

 

 

 

Share This Article