More

    МИНЧЕВ ПРЕДЛАГА АКАДЕМИЈА ЗА ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА

    spot_img

    Министерството за јавна администрација предлага да се формира Академија за едукација и обука на јавната администрација, во која ќе се преедуцираат некомпетентните административци, како дел од решенијата за реформа, рече денеска министерот Горан Минчев.

    – За лоцираните проблеми во секоја институција, во секој орган или министерство каде велиме дека има недостаток на квалитет и на знаење, би оделе со варијанта на преедукација, односно на распоредување на административците на работни места каде ќе ги исполнуваат своите работни задачи, врз основа на својот афинитет, образование и квалитет. Со тоа ќе имаме конкретни и квалитетни услуги кај граѓаните – рече Минчев.

    Тој додаде дека законските решенија ќе се предложат во најбрз рок до Владата и до Собранието.

    – Јас сум повеќе за варијантата некомпетентните административци да бидат преедуцирани. Постојат и други решенија, а јавната администрација може да се намалува и по природен пат, врз основа на пензионирање или заминување од тоа работно место. Тоа е предмет на дебата и можеби во иднина ќе се дојде до такви реформски решенија – рече министерот.

    Тој денеска учествуваше на состанокот на Секторската работна група за реформа на јавната администрација во Владата, на кој се разгледувале забелешките од последниот извештај на Европската комисија за напредокот на македонија.

    – Според последниот извештај, постигнувањето на реформата на јавната администрација се движи со умерен напредок. Токму реформата има клучна улога во обезбедувањето на ефикасност, транспарентност и одговорност во работата на државните институции. Тоа пак, е есенцијално за евроинтегративните процеси на секоја земја – рече Минчев на прес-конференцијата во Владата.
    Тој нагласи дека Извештајот нотира дека имаме добро воспоставена стратешка рамка за реформа на јавната администрација. Но, треба да почне процесот за остварување на визијата за деполитизирана, ефикасна и отчетна јавна администрација што обезбедува квалитетни и лесно достапни услуги за граѓаните и за бизнис заедницата.

    – Само реформирана јавна администрација придонесува кон одржлив економски раст, владеење на правото, социјална кохезија и благосостојба. Проактивно пристапивме кон мерките и активностите со утврдените рокови во акцискиот план од Стратегијата за реформа на јавната администрација 2023-2030 година. Ќе останеме посветени Стратегијата да не остане само на хартија, туку да имаме ефикасна и целосна имплементација. Целта е да создадеме инклузивна и транспарентна администрација што е насочена исклучиво кон потребите на граѓаните и обезбедува квалитетни услуги. Граѓаните мора да имаат доверба во институциите и да почувствуваат дека тие постојат и работат за нив и нивните барања – потенцира Минчев.

    Во врска со правичната застапеност на етничките заедници, Минчев рече дека во Владата постои експертска група која нотира, сугерира, забележува и дава предлози за ново законско решение, кое прво би било доставено до Венецијанската комисија.

    – Исклучиво експерти работат во оваа област. До новото законско решение огласите за вработување течат врз база на знаење, а оние конкурси кои беа започнати врз основа на балансерот, ќе се довршат – рече Минчев.

    Тој додаде и дека не треба да се брза со носењето на новото законско решение, со цел да биде квалитетно, применливо и да нема злоупотреби.

    – Чуму е правичната застапеност на етничките заедници ако тие луѓе што се примаат немаат соодветен квалитет и не можат да одговорат на тоа што е најважно, а тоа се услугите кон граѓаните – рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img