More

    Сопствениците на живинарски фарми да ги отворат очите

    spot_img

    По  утврдувањето на болеста птичји грип (авијарна инфлуенца) кај две угинати диви птици во Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира граѓаните кои ќе најдат угинати дива птица од водните видови (патки, гуски и слично) лично да се јават во АХВ, во нејзините подрачни единици ичи ветеринарните друштва.

    Телефонска линија 0800 3 22 22 е бесплатна, а мејлот на Агенцијата е info@fva.gov.mk.

    – Доколку станува збор за други видови угинати птици и за изолирани угинувања, тоа треба да го пријават на јавните комунални претпријатија за нештетно отстранување на лешевите – велат од АХВ.

    Болеста авијарна инфлуенца, иако станува збор за зооноза, не претставува сериозна закана за ширење на болеста, ниту кај птиците ниту кај луѓето.

    Болеста се шири преку директен контакт со заразени  птици или секрети од истите, особено фекалии.

    Агенцијата за храна и ветеринарство ги потсетува одгледувачите на живина дека е задолжително пријавувањето на промени во здравствената состојба  и зголемена смртност на живината, како и примена на биосигурносни мерки при спроведување на сите активности на одгледувалиштето.

    АХВ апелира на внимателност и преземање на заштитни мерки за категориите на лица кои се изложени на ризик, односно  за лицата кои можат да имаат близок контакт со заразени птици.

    Дивите птици, најчесто преселните, се резервоар и најчести преносители на вирусот на болеста птичји грип.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img