Шестиот по ред Пчеларски саем на Македонија, ќе се отвори денеска на плоштадот Македонија, а ќе трае до недела.
Организатор на саемот е Пчеларска федерација на Македонија, главен покровител е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а домаќин е Градот Скопје.
Пчелари од целата држава на саемот ќе им понудат на посетителите мед, пчелни производи, како и пчеларска опрема.
Посетителите на саемот ќе можат да дегустираат природен, вистински мед, за да можат да препознаат лажен, фалсификуван производ.