More

    Опозициската ДУИ реагира за партизација на Советот на обвинители

    spot_img

    Демократската унија за интеграција реагира дека владејачката коалиција Вреди номинира свои партиски членови за Советот на јавни обвинители.

    „ДУИ остро реагира на обидот за брутална партизација на судството и обвинителството преку партиски интервенции во Советот на јавни обвинители. За член на Советот на обвинители е предложен Ардијан Демири, член на Демократското движење на Изет Меџити. Ова е неприфатливо и претставува флагрантно партиско мешање во судските и обвинителските органи“, соопшти ДУИ.

    Опозициската партија апелира пратениците во Собранието да не го прифаќаат предлогот на Вреди.

    „Пратениците да не прифаќаат партизација на обвинителскиот совет. Говикуваме граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница да реагираат на изборот на партиски кандидати за членови на обвинителскиот совет. Европската Унија будно ги следи одлуките на Владата и на Собранието и овие постапки нè оддалечуваат од Европа и европските вредности и нè враќаат во заробена држава“, реагира ДУИ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img