Технички дефект утрово ги парализираше сите главни аеродроми во Австралија, предизвикувајќи долго чекање на меѓународните терминали.
Властите соопштија дека запреле со работа терминалите за самопослужување и препознавање на лица.
Австралиската гранична патрола соопшти дека полицајците биле распоредени за рачна обработка на податоците за патниците, нагласувајќи дека системот во моментов се поправа и постепено се враќа во нормала.
Иако немаше проблеми со летовите на најголемиот австралиски аеродром во Сиднеј, портпаролот потврди дека редиците за влезните и појдовните летови се подолги од вообичаеното.
Не се знае кога ситуацијата целосно ќе се нормализира.