More

    Победата на Трамп во зацврсти Маск на врвот

    spot_img

    Десетте најбогати луѓе во светот на листата на милијардери на Блумберг го зголемија своето богатство за рекордни 64 милијарди долари за еден ден по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД.

    Најмногу профитирал извршниот директор на Тесла, Илон Маск, чие богатство се зголемило за 26,5 милијарди долари на вкупно 290 милијарди долари, пишува Гардијан. Маск, кој се декларира како поддржувач на Трамп, го зголеми своето богатство благодарение на скокот на акциите на Тесла и со тоа дополнително ја зацврсти својата позиција на најбогат човек во светот.

    Богатството на основачот на Амазон, Џеф Безос, второрангиран милијардер на листата на Блумберг, се зголеми за седум милијарди долари, а претседателот на Оракл Лери Елисон, симпатизер на републиканците, преку ноќ стана побогат за речиси 10 милијарди долари и сега „вреди“ 193 милијарди долари.

    Меѓу тие луѓе се поранешните извршни директори на Мајкрософт, Бил Гејтс и Стив Балмер, поранешните извршни директори на Гугл, Лери Пејџ и Сергеј Брин, како и познатиот инвеститор Ворен Бафет.

    Богатството на извршниот директор на Мета, Марк Закерберг стагнира, додека единствената дневна загуба ја забележа сопственикот на луксузната корпорација LVMH, Бернард Арно.

    Акциите на американските компании значително пораснаа по реизборот на Трамп бидејќи инвеститорите очекуваат пониски даноци и помала регулатива за бизнисот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img