Цените на златото паѓа и денеска откако Доналд Трамп прогласи победа на претседателските избори во САД, а инвеститорите изјавија дека неговата политика може да го поттикне економскиот раст.
Вчера попладне цената на златото беше пониска за цели 1,6% и изнесуваше 2.700 долари за унца. Индексот на доларот, пак, попладнето порасна за 1,9% и изнесуваше 105,42 поени.
Денеска овој благороден метал има променлива цена и која дополнително се намали. Во 14 часот се продаваше по цена од 2.675 долари.
На почетокот на ноември златото се продаваше по цена од 2.785 долари за унца.
Инвеститорите ги очекуваат спроведувањето на економските политики на новиот претседател кои предвидуваат и пониски даноци, но и одлуката за каматите на Американската централна банка (ФЕД).