Баерн Минхен го запиша вториот триумф во Лигата на шампионите оваа сезона, но радоста беше помрачена од трагедијата на трибините.
Во првите минути од натпреварот против Бенфика, играта беше прекината поради итна медицинска интервенција за еден навивач на трибините.
Иако му била пружена прва помош, навивачот бил пренесен во болница, но, за жал, на патот до клиниката починал.
„Баерн тагува со семејството на починатиот. Смртта ја засени нашата победа од 1-0 над Бенфика“, соопшти клубот преку социјалните мрежи.
Иако веста официјално беше потврдена подоцна, атмосферата на Алијанц арената била тивка, без вообичаеното навивање и музика за време на полувремето, што на присутните им наговести дека се случило нешто трагично.