More

    Победата на Баерн во втор план: Клубот ја објави трагедијата

    spot_img

    По двата последователни порази во Лигата на шампионите, Баерн ја прекина лошата серија со победата од 1-0 против Бенфика на „Алијанц Арена“. Стрелец на победничкиот гол беше Џамал ​​Мусиала во 67. минута, што беше негов прв гол во годинашната Лига на шампиони.

    За жал, наместо по оваа важна победа, играта ќе остане запаметена по трагичен настан. Во текот на првото полувреме на еден од навивачите на Баерн му се слоши и веднаш беше пренесен во болница.

    Еден час по крајот на мечот стигна вест дека навивачот починал на пат кон болница. По натпреварот Баерн излезе со соопштение во кое изрази длабоко сочувство до семејството на починатиот навивач.

    „Нашата победа против Бенфика денеска остана на втор план. Затоа нашите навивачи денеска се воздржаа од вообичаената гласовна поддршка за нивниот тим, а клубот исто така го намали покривањето на натпреварот. Околу еден час по последниот судиски свиреж, ја добивме тажната вест дека еден навивач починал на пат кон болница. ФК Баерн е рамо до рамо со роднините на навивачите и изразуваме најдлабоко сочувство“, порачаа од германскиот гигант.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img