Твитерџиите го вперија прстот, на пик се и Тејлор Свифт и Бијонсе

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Корисниците на социјалните мрежи во САД се мајтапат со познатиот холивудски актер Џорџ Клуни велејќи дека тој е виновен за поразот на Камала Харис на претседателските избори. Твитерџиите коментираат дека доколку Клуни не го прозвал претседателот Џо Бајден да се откаже од трката во својата колумна во „Њујорк Тајмс“ во јули, работите ќе биле поинакви, пишува Дејли Мејл.

„Нема да победиме во ноември со овој претседател“, напиша Клуни во колумната во јули.

Откако Бајден на 21 јули објави дека ќе се повлече, Клуни го пофали велејќи дека е несебичен, а потпретседателката на САД Камала Харис  влезе во трката пробувајќи да го надмине ривалот Доналд Трамп во преостанатите 107 дена до изборите.

Трамп обезбеди неверојатен резултат на изборите, со 295 гласови што го прават историско неговото враќање во Белата куќа.

Група политички коментатори, предводена од ветерани, наречена altNOAA, напиша на Икс:

„Некој ми го донесе Џорџ Клуни. Треба да имаме…разговор“.

Новинарот Џошуа Хартли постави скриншот од авторскиот текст на Клуни и додаде: „Ти благодарам Џорџ Клуни“.

Еден корисник на Икс напиша: „Трамп не треба да заборави да им се заблагодари на холивудските познати личности. Особено Џорџ Клуни“.

Еден обожавател на Доналд Трамп, исто така, се повика на актерот и напиша:

- Advertisement -
Ad image

„Штотуку ми падна на памет, не успеавме да го признаеме улогата на Џорџ Клуни во оваа победа!“

„Што се премисли Џорџ Клуни!!“, сподели друг обожавател, веројатно повикувајќи се на молкот на актерот на социјалните мрежи по победата на Трамп во вторникот.

Друг додаде на Икс: „Го обвинувам Џорџ Клуни, тој рече дека нема повеќе пари… и сега погледнете…“

- Advertisement -
Ad image

Британски „Гардијан“ денеска анализира дали тоа што познатите ѕвезди како Бијонсе, Тејлор Свифт, Лејди Гага и Аријана Гранде застанаа зад Харис всушност ѝ одзеде гласачи на демократската кандидатка, а притоа им донесе фанови и публицитет на музичарите.

Медиумските аналитичари, исто така, шпекулираа дека Бајден требало да ја повлече својата кандидатура многу пред неговата катастрофална дебата.

Други анализи, пак, сугерираат дека не само што претседателот требало да остане во трката, туку и дека би ги освоил белите гласачи од работничката класа кои Харис во голема мера му ги отстапи на Трамп.

На овие избори латиноамериканците во САД гласаа за републиканецот и помогнаа во неговата историска победа.

Share This Article