More

    Меланија Трамп во автиобиографијата зборува за детството во Словенија

    spot_img

    Меланија Кнавс, односно Меланија Трамп е родена во Севница, гратче на околу еден час возење од Љубљана. Нејзиниот татко Виктор бил продавач на автомобили, а нејзината мајка Амалија работела како дизајнерка на облека. Меланија израснала дома со родителите и со помладата сестра Инес, а по завршувањето на основното училиште се преселиле во Љубљана, каде подоцна студирала индустриски дизајн и архитектура.

    Во неодамна објавената автобиографија, Меланија Трамп се присети на својот живот во поранешна СФРЈ, но и на една непријатна ситуација кога УДБА ја пребарала нивната куќа поради „сомнителниот начин на живот“ на нејзиниот татко, бидејќи објавиле дека има голем возен парк. Таа изјавила и дека нејзиниот татко, иако бил член на Комунистичката партија, тоа не било поради неговите политички убедувања, туку бил принуден да се приклучи.

    „Можеби некој сосед, или колега или некој близок до властите го пријавил возниот парк на татко ми. Тој никогаш не бил прогласен за виновен за кривично дело и никогаш не бил затворен. Неговото членство во Комунистичката партија беше задолжително, бидејќи партијата воведе автоматска месечна членарина која му се одбиваше од платата“, напиша таа во своите мемоари.

    На 16 години таа почнала да се занимава со манекенство, а набрзо кариерата ѝ тргнала нагоре и се преселила во Италија, па во Париз, а потоа во САД. Таа се појави во многу рекламни кампањи и работеше за некои од најдобрите фотографи во модната индустрија. Потоа го смени името во Меланија Кнаус, под кое се појавуваше во списанија како JQ, Vanity Fair и Sports Illustrated, пишува CNN.

    Меланија се преселила во Њујорк во 1996 година, кога имала само 26 години. Две години после тоа, Меланија го запознала својот иден сопруг Доналд Трамп, кој во тоа време се забавувал со друга девојка, во популарен клуб на Менхетен.

    Кнавс стана Меланија Трамп на 22 јануари 2005 година. Една година подоцна, таа го роди синот Барон, нивното единствено дете. Истата година, речиси десет години откако се пресели во САД, таа стана американска државјанка.

    Со кандидатурата на Доналд, а подоцна и со неговата победа на американските избори во 2016 година, нивниот брак беше ставен „под микроскоп“. Од неговата инаугурација, кога камерите ја фатија Меланија намуртена, до контроверзите околу неодамнешното судење на кое главен актер беше Доналд Трамп, врската на брачната двојка „зад камерите“ не престанува да ја интригира јавноста.

    Трамп на денешното обраќање до јавноста во кое и официјално прогласи победа на овогодинешните избори, меѓу првите и се заблагодари на сопругата Меланија.

    „Сакам да и се заблагодарам на мојата прекрасна сопруга Меланија, првата дама, која ја објави најпродаваната книга во нашата земја во моментов. Таа направи нешто неверојатно, и прави многу за да им помогне на луѓето. Сакам да му се заблагодарам на целото мое семејство, Моите прекрасни деца, сите мислат дека неговите деца се одлични, но јас навистина сакам повторно да им се заблагодарам“, рече Трамп.

    Со победата на Трамп, Меланија ќе се врати на позицијата прва дама, а интересно е што таа е само втората „прва дама“ родена во странство. Пред неа, единствена „странец“ во Белата куќа беше Луиза Адамс, родена во Англија, која беше сопруга на Квинси Адамс, шестиот претседател на Америка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img