More

    ПОЧИНА СЕСТРАТА НА ПРИНС Тајка Нелсон одеше по стапките на братот

    spot_img

    Тајка Нелсон, сестрата на неповторливиот американски пејач Принс, почина во понеделникот, на 4 ноември, на 64-годишна возраст, објави The ​​Minnesota Star Tribune.

    Синот на Нелсон, Президент Нелсон, ја потврди нејзината смрт, но не ја наведе причината за смртта. Нелсон беше единствената полноправна сестра на Принс, родена две години по нејзиниот брат на 18 мај 1960 година, од родителите Џон Л. Нелсон и Мети Шо Нелсон.

    Принс, чие полно име беше Принс Роџерс Нелсон, почина пред 8 години на 57-годишна возраст. Тајка се движеше во музичките води и издаде четири албуми од 1988 до 2011 година. Во јуни оваа година таа требаше да го одржи последниот концерт пред пензионирањето.

    – Јас всушност воопшто не бев пејачка. Јас сум писателка. Едноставно се случи да знам да пеам. Уживам во пеењето – порачала таа откако била принудена да се откаже од последниот настап. Нејзиниот последен јавен концерт се одржа во Австралија во 2018 година, а Тајка наводно работела на своите мемоари пред својата смрт.

    Во доцните осумдесетти, Нелсон го следеше нејзиниот брат во музиката, објавувајќи го нејзиниот прв албум, Royal Blue, во 1988 година.

    Нелсон објави уште три албуми, а летово таа требаше да настапи на концерт во Дакота во Минеаполис, но претходно и се слоши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img