More

    Бислимоски најави строга контрола на учесниците на пазарот на струја

    spot_img

    Регулаторната комисија за енергетика има сериозни ингеренции во процесот на пазарното поврзување со соседните земји со цел зголемена конкурентност, пониски цени, поголеми инвестиции, изјави денеска првиот човек на Комисијата Марко Бислимоски.

    Тој зборуваше на панелот „Обновливи извори: Стратешки преглед на имплементацијата на обновливи извори на енергија” кој е дел од конференцијата организирана од Македонското здружение за обновливи извори на енергија (МАРЕС).

    Бислимоски рече дека оваа обврска на РКЕ е произлезена од новиот Закон за енергетика.
    – Ние сме инволвирани во пазарното поврзување помеѓу Грција, Македонија, Албанија и Косово, преку проект на УСАИД. Главната цел е да станеме интегриран дел од паневропскиот пазар. Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции. Со овој процес за пазарна интеграција нашите компании ќе имаат можност да учествуваат на пазарите во соседните земји – посочи Бислимоски.

    РKE, додаде тој, во рамки на своите надлежности, воведе надзор на пазарите на електрична енергија и природен гас.

    – Развивме мониторинг платформа во која се собираат податоците од сите учесници на пазарот и доколку утврдиме непазарно однесување може да започнеме соодветни постапки пред судовите. Нефер пазарно однесување ќе се казнува со дел од приходот – објасни Бислимоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img