More

    Кој е Доналд Трамп? Син на познат тајкун кој влезе во политиката и го полуде светот

    spot_img

    Долго пред да стане американски претседател по вторпат, Доналд Трамп веќе е познат американски милијардер. Животот на њујоршкиот магнат за недвижности е „провлечен“ низ таблоидите и низ телевизиите децении пред неговата неверојатна кандидатура за претседател во 2015-2016 година.

    Неговото име и нефилтриран стил на кампања му помагаат да победи искусни политичари, но поради контроверзии тој е соборен по еден мандат. Сега 78-годишниот републиканец се враќа на претседателското биро во кабинетот.

    Трамп бил проблематично дете

    Трамп му е четврто дете на њујоршкиот тајкун за недвижнини, Фред Трамп. И покрај богатството на неговото семејство, од него се очекува да работи на најниските позиции во компанијата на неговиот татко и е испратен на воена академија, на 13-годишна возраст, кога почнува да се однесува лошо на училиште.

    По дипломирањето на факултетот „Вартон“, на Универзитетот во Пенсилванија, тој станува фаворит за наследник на својот татко кога неговиот постар брат Фред решава да стане пилот. Фред Трамп починува на 43-годишна возраст од алкохолизам, нешто што, вели Трамп, го навело цел живот да избегнува алкохол и цигари.

    Влегол во бизнисот со недвижности со „мал“ заем од 1 милион долари

    Трамп вели дека влегол во бизнисот со недвижен имот со „мал“ заем од 1 милион долари од неговиот татко пред да ѝ се приклучи на компанијата.

    Тој е од помош во управувањето со големото портфолио на станбени проекти на неговиот татко во околните области на Њујорк и ја презема контролата врз компанијата која ја преименувал во „Трамп организејшн“ во 1971 година.

    Неговиот татко, кого Трамп го опишува како „инспирација“, починува во 1999 година. За време на Трамп, семејниот бизнис се преселува од станови во Бруклин и во Квинс во блескави проекти во Менхетен. Познатата Петта авенија станува дом на кулата „Трамп“, веројатно најпознатиот имот на магнатот и негов дом долги години. Распаднатиот хотел „Комодор“ е обновен и се вика „Гранд Хајат“.

    Земени се и други имоти под брендот „Трамп“ – казина, терени за голф и хотели – подигнати од Атлантик Сити, Чикаго и Лас Вегас до Индија, Турција и од Филипини. Неговиот подем до слава продолжува во светот на забавата – првин како сопственик на изборите за убавина Мис Универзум, Мис на САД и Мис Тинејџерка на САД, а потоа и како креатор-водител на реалното шоу на Ен-Би-Си „The Apprentice“.

    Трамп пишува неколку книги, се појавува во филмови и продава сè, од пијалаци до вратоврски. Но, неговото нето богатство се намалува во последниве години, а Форбс проценува дека тој моментално вреди околу 4 милијарди долари. Трамп поднесува и барање за стечај на бизнис во шест одделни прилики, а неколку од неговите проекти – вклучувајќи ги Трамп Стикс и Универзитетот Трамп – пропаѓаат.

    Турбулентен семеен живот

    Личниот живот на Трамп добива широк публицитет. Неговата прва и веројатно најпозната сопруга е Ивана Зелничкова, чешка спортистка и модел. Двојката има три деца – Доналд Џуниор, Иванка и Ерик, а потоа се разведува во 1990 година.

    Нивната жестока судска битка станува популарна, а обвиненијата на г-ѓа Трамп за семејно злоставување се појавуваат во новиот филм за Трамп. Тој се жени со актерката Марла Мејплс во 1993 година, два месеца по раѓањето на нивното единствено дете Тифани. Тие се разведуваат во 1999 година.

    Сегашната сопруга на Трамп е поранешната словенечка манекенка Меланија Кнаус. Тие се венчаат во 2005 година и го имаат синот Барон Вилијам Трамп, кој неодамна наполнува 18 години.

    Трамп има и проблеми со законот

    Трамп го следат обвинувања за сексуално недолично однесување и за вонбрачни врски.

    Претходно оваа година, две одделни пороти пресудуваат дека Трамп ја наклеветил авторката Е Џин Керол со негирање на нејзиното обвинение за сексуален напад. Нему му е наложено да ѝ плати вкупно 88 милиони долари, на што тој поднесува жалба.

    Трамп е и осуден за 34 точки од обвинението за фалсификување деловни досиеја за да прикрие дека тајно ѝ дал пари на порно актерката Сторми Даниелс во замена за нејзиниот молк за наводна вонбрачна врска меѓу нив двајцата во 2006 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img