More

    Судот го одби предлогот за запирање на продажбата

    spot_img

    Основниот суд во Кавадарци ги одби  предлозите за укинување на продажба на подвижен имот на поранешно „Фени”, со образложение дека одлуките за продажба на имотот и цената ги донело Собранието на доверители, потврдија денеска за МИА од судот.

    Предлозите ги поднесоа незадоволни доверители во стечајната постапка, меѓу кои и транспортери на руда, кои тврдат дека имотот на компанијата  вреди повеќе од 10 милиони евра, а се продава за 2,3 милиона евра.

    – Поднесени беа предлози до стечајниот судија да ги укине ваквите одлуки поради ниската понудена цена, имајќи ја предвид проценетата вредност на имотот предмет на продажба. Ваквите предлози од страна на стечајниот судија се одбиени – одговорија од Основниот суд во Кавадарци.

    Оттаму појаснија дека се работи за одлуки на Собранието на доверители одржано на ден 21 октомври во врска со продажба на имот на „Еуроникел индустри“ во стечај.

    Претходно, МИА информираше дека на седницата на собранието на доверители присуствуваа доверителите со утврдени и признати побарувања во износ од 58,4%.

    На седницата биле прифатени повеќе понуди за дел од имотот на компанијата.

    Седницата ја следеа и доверители што имаат свои утврдени побарувања, меѓу кои и транспортерите на руда.

    На два пати досега, транспортери кои своевремено возеа руда за комбинатот, протестираа барајќи повеќе од 2 милиона евра за транспортот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img