Во градинките се запишани 200 деца од други општини

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Од 10 јуни од градинките во општина Карпош ќе треба да се отпишат сите деца кои не живеат на територијата на оваа општина. Одлуката е донесена на седницата на Советот на Општина Карпош одржана на 20 април 2022 година, а градаоначалникот Стевчо Јакимовски ова го најави уште во декември лани.

Сите градинки деновиве ги информирале родителите за оваа одлука, но тоа наиде на револт кај нив.

Во моментов 306 деца од населбите во Карпош чекаат место во градинките во оваа општина, а во нив се сместени 200 деца од други општини. Според Јакимовски, родителите кои живеат во општина Карпош, тука плаќаат данок и гласале за да им бидат решени нивните проблеми.

Во градинките во Карпош има 11 слободни училници со капацитет за околу 150-160 деца, но нема доволно персонал. Нема согласност од надлежните министерства да се прими персонал иако се испразнети повеќе од 25 места на негувателки, воспитувачки и технички персонал.

Засегнатите родители велат дека проблемите од соседните општини се прелеваат и во Карпош, зашто деца од општина Ѓорче Петров се запишуваат во Карпош, бидејќи сѐ уште не била во функција градинката во Волково, на пример.

Share This Article