Демонстрантите бараат одговорност за трагедијата во Нови Сад

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Поради смртта на 14 лица на железничката станица во Нови Сад во 18 часот започна голем граѓански протест. По обраќањето на организаторот, демонстрантите се упатија кон Градското собрание. Атмосферата особено се вжешти пред просториите на СНС и пред Градското собрание, каде маскирани лица фрлаа со камења и боја, јавуваат српските медиуми.

Протестот започна со едноминутно молчење за жртвите од несреќата, а потоа насобраните беа повикани да маршираат во колона кон центарот на градот и Градското собрание, каде демонстрантите донесоа трактор со цистерна полн со фекалии, кој го истурија врз собранието, а потоа ги кршеа стаклата на зградата.

Демонстрантите се обидоа да го запалат Градското собрание, ставајќи неколку факели низ прозорците на оваа институција.

Силни полициски сили се лоцирани во центарот на Нови Сад. Неколку џипови и амбулантни возила влегле во дворот на Градското собрание, но ги нема на платото пред Железничката станица, од каде во петокот се урна настрешницата при што загинаа 14, а три лица тешко беа повредени.

Граѓаните бараат оставка од српскиот премиер Милош Вучевиќ и од градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.

Share This Article