More

    Повеќе од 1.200 работници ќе добијат отказ

    spot_img

    Францускиот производител на гуми „Мишелин“ денеска им потврди на синдикатите дека најдоцна на почетокот на 2026 година ќе затвори 2 фабрики во Франција, а без работа ќе останат вкупно 1.254 работници.

    Во фабриката на локацијата Ван се вработени околу 300 работници кои произведуваат метални шипки за засилување на гумите, додека 963 работници на локацијата Шола произведуваат гуми за комерцијални возила, пишува Фигаро.

    Причините за затворање на фабриките е азиската конкуренција конкуренција.

    -Цените на енергијата во Европа се двојно повисоки отколку во Соединетите Американски Држави или Азија, кои двојно ги зголемија трошоците за производство во споредба со 2019 година – вели извршниот директор на групацијата Мишелин, Флорент Менего.

    Според него, Мишелин повеќе нема да може никому да гарантира вработување бидејќи тоа би било неодговорно во услови на глобализираниот пазар.

    – Очигледно е шок за вработените – признава Менего кој вели дека компанијата ги проучила сите сценарија пред да одлучи да ги затвори фабриките. Притоа ќе бидат искористени и опциите за предвремено пензионирање и шемите за внатрешна и надворешна мобилност.

    Тој информира и дека деловните активности во двете фабрики ќе бидат запрени до следниот понеделник за да им се овозможи на работниците доволно време да ги прифатат информациите за затворање.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img