More

    Во САД нема предизборен молк, борбата трае до крај

    spot_img

    Доналд Трамп и Камала Харис, политички лидери на две целосно спротивставени концепции за идниот развој и лидерство на Америка, завршија со главните митинзи на едни од најразбрануваните и најдраматични претседателски кампањи во историјата на САД.

    Но, во оваа земја не постои изборен молк, нивните кампањи продолжуваат и на денот на изборите, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

    Од вчера наутро до доцна синоќа и по полноќ, тие одржаа завршни митинзи и интензивни настани во неколку сојузни држави каде што ќе се одреди резултатот од претседателската трка во 2024 година.

    По тон и по суштина, аргументите на Трамп и на Харис ги отсликаа спротивставените визии што тие му ги нудат на длабоко поделениот народ. Зборувајќи пред голема и возбудена толпа, собрана на скалите пред Музејот на уметноста во Филаделфија, Харис изјави дека нацијата е „подготвена за нов почеток, за нов пат напред“.

    На својот последен митинг Трамп се појави денеска по полноќ на сцена во Батл Крик, Мичиген, и рече дека ужива во „она што е неговиот последен претседателски митинг“. Тој изјави дека секој негов политички настан „бил неверојатен“ и им порача на поддржувачите дека „не мора да се задоволуваат со слабост, некомпетентност, пад и со пропаст.“

    Двајцата кандидати избраа симболични локации за нивните завршни настани кои имаат културно и емотивно значење. За Трамп, Батл Крик е симбол за неговата политичка кариера која ја преокупираше американската политика во деценијата што измина. Тој ги одржа последните настани од своите претходни две претседателски кампањи во овој град. Таму одржа и еден пркосен митинг во 2019 година додека Претставничкиот дом за првпат гласаше за негов импичмент.

    За Харис, избраната локација на нејзиниот последен миинг е позната филмска сцена од култниот „Роки“ каде што главниот протоганист трчаше и тренираше по овие скали пред музејот. Со ова таа го потврдува „аутсајдерскиот“ (We are underdogs in this race) менталитет што таа го потенцираше уште од стартот на својата кампања пред повеќе од 100 дена, откако претседателот Џо Бајден излезе од трката. Локацијата симболизира и предавање на штафетата – од истото место во 2019 година Бајден ја започна својата претседателска кампања.

    Овие големи настани беа кулминација на интензивни кампањи во пресрет на 5 ноември, при што Харис ја шеташе Пенсилванија со настани во Скрантон, Алентаун и Питсбург пред да пристигне во Филаделфија.

    Трамп, исто така, одржа два настана во сојузната држава, заедно со посета на Северна Каролина вчера утрината. Двајцата беа поддржани од познати личности – Трамп доби поддршка од популарниот комичар и поткастер Џо Роган, додека, пак, поп-ѕвездата Лејди Гага и ток-шоу иконата Опра Винфри ѝ се приклучија на Харис во Филаделфија.

    Денеска, 5 ноември, заклучниот збор го имаат американските гласачи. Но нема изборен молк, кампањата сепак ќе потрае уште малку.

    Низа анкети објавени во последните часови од трката покажуваат дека трката е изедначена и на национално ниво и во клучните, „колебливи“ држави, со добро познатите грижи за економијата, кои сè уште ги обременуваат Американците додека тие се спремаат да одат на гласање.

    Трамп денеска оди да гласа лично, на гласачкото место во близина на неговата резиденција Мар-а-Лаго во Флорида, каде што ќе дава изјави на новинарите. Харис пак, веќе гласаше по пошта и планира интервјуа на локални радиостаници, како последен обид за мотивација на поддржувачите да ги дадат своите гласови за неа.

    Првите гласови на кампањата во 2024 година беа преброени во Диксвил Ноч, малото гратче во Њу Хемпшир кое привлекува меѓународно внимание со својата традиција на почеток на гласањето кога стрелката на часовникот се префрла од 4 на 5 ноември, односно на полноќ.

    Одговарајќи на резултатите од стотината спроведени анкети во изминатите месеци дека трката е изедначена, и резултатите на ова гласачко место беа изедначени. И Харис и Трамп добија по 3 гласа во гратчето кое вкупно дава само 6 гласови.

    Ова може да се протолкува како позитивен знак за Харис, со тоа што Си-Ен-Ен извести дека ова место има четворица регистрирани републиканци и двајца регистрирани неопределени. За изборот на републиканските првични избори, Диксвил Ноч гласаше 6-0 во полза на Ники Хејли, додека, пак, на изборите во 2020 година гласаше 5-0 за Бајден.

    Трамп вчера доби поддршка од еден од најпопуларните поткастери во САД, Џо Роган, кој има 17,5 милиони следбеници на Јутјуб и 15.7 милиони на Спотифај. Поддршката на Роган стигна синоќа по поткаст со Илон Маск, милијардер кој стана еден од најгорливите поборници на Трамп. Трамп и Џеј Ди Ванс, неговиот кандидат за потпретседател, во изминатите недели одржаа неколку настапи кај Роган.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img