More

    Холивудската актерка Деми Мур откри дека гласала за Камала Харис

    spot_img

    Холивудската актерка Деми Мур откри дека гласала за Камала Харис.

    „Гласавме! Возбудена сум бидејќи го дадов својот глас за #HarrisWalz. Гласањето е толку важен дел од нашата демократија, не заборавајте да го искористите вашето право на глас!“, порача актерката со селфи на кое носи налепница на која пишува дека гласала.

    Хрватската пејачка Северина Вучковиќ се огласи во коментарите покрај фотографијата на Деми Мур. Хрватската пејачка остави емотикон од срца и аплауз.

    Инаку, многу познати личности, меѓу кои и актерките Џенифер Гарнер, Џулија Роберт и Џејн Фонда, се вклучија во кампањата во пресрет на американските избори, каде денеска ќе се одлучува дали демократката Камала Харис или републиканецот Доналд Трамп ќе стане следниот претседател на САД.

    Појавувањето на славните ги зајакнуваат пораките за гласање, рекол Кристијан Гроуз, професор по политички науки и академски директор на Институтот Шварценегер на Универзитетот во Јужна Калифорнија.

    Ако непознато лице тропне на врата, тоа само остава впечаток на тој гласач. Кога славна личност го прави тоа, тоа создава медиумско покривање и објави на социјалните мрежи кои допираат подалеку од тој дом, рече Грос.

    Дали тоа ќе се претвори во поголем одзив, зависи од славната личност и околностите. Мегаѕвездите како Опра Винфри можат да имаат значително влијание. Нејзината поддршка за Барак Обама во 2007 година е заслужна за милион гласови во текот на предизборите на Демократската партија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img