Музичката брачна двојка Петар Грашо и Хана Хуљиќ минатата недела добија син, кој го крстија Тони, по дедото на пејачот. Пред две години станаа родители на малата Алба, а деновиве во нивната куќа има радост колку и тогаш.
– Секако дека се радуваме, сега веќе можеме да кажеме дека имаме искуство, па сè оди полесно, ништо веќе не е прв пат,но единственото нешто што е исто е радоста – изјави Грашо за магазинот Ин.
Има слабост кон ќерката, а иако се зборува дека ќерките се татини, е синовите се на мајка, поделбата во неговото семејство е појасна.
– Мислам дека повеќе ќе личат на мама, бидејќи тато ќе биде помалку присутен од мама. Мама се грижи, иако кога ќе дојде тато, тато е како мал споменик бидејќи го нема многу. Ќе видиме што ќе одберат, лесно е да се избере кога ги имаш двајцата родители, баба и дедо, во зависност од тоа кој ти дал чоколадо тој ден или ти забранил. Децата брзо ги менуваат своите афинитети – рече Петар.
Иако има голем број концерти, семејството секогаш му е на прво место.
– Фала му на Бога доста често, колку што е моето темпо доста живо, се трудам, вложувам дополнителни напори, кога ќе фатам празнини меѓу концертите веднаш да одам дома, дури и да ги фатам тие 48 или 72 часа, не сум континуирано но јас сум тука, ќе се видиме, ќе се радуваме заедно – признава музичарот.